18.01.2023
Директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи , д-р Мерхал Исмаили додели сертификат за акредитација на директорката на ЈЗУ ОБ Куманово , др. Снежана Захариева со кој установата се стекна со сертификат за акредитација со важност од три години. Ова е втора акредитација на ЈЗУ ОБ Куманово, односно реакредитација по нејзиното прво акредитирање и со ова го докажа унапредувањето на квалитетот на своето работење.