23.01.2023
Денеска во просториите на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи директорката, д-р Мерхал Исмаили и претставници на Агенцијата остварија состанок со директорот на ЈЗУ ОБ Кавадарци, д-р Диме Коцев. На состанокот се разговараше за започнување на процесот на акредитација во ЈЗУ ОБ Кавадарци.