Исто така самиот пациент со помош на упатствата може да помогне околу носењето на своите одлуки или избори на одредени скрининг услуги. Медицинската сестра може со помош на дадените упатства да одлучи во случај на недоумица/дилема дали ќе може самостојно да го третира пациентот или да го консултира докторот при припрема на планот за нега на пациентот.
Американскиот институт за медицина (IOM) во својот извештај од 1990 година наложува дека е потребно да се биде воздржан од исходот на упатствата кои би помогнале во контролата на трошоците во здравството.
Американскиот институт за медицина (IOM) во својот извештај од 1990 година ги дефинира клиничките упатства како системско развиени изјави кои би им помогнале на докторите и пациентите при донесување на нивните одлуки за соодветната здравствена заштита при специфични клинички околности.
Клиничките упатства пред се се фокусираат за помош на здравствените професионалци и пациенти при процесот на носење конкретни одлуки, но сепак тоа не значи дека неможе да се користат и во други намени како што се унапредување на квалитетот и политиката на финансирање. За да може соодветно да се разбере дадената дефиниција, пред се мора да се објасни значењето на поимот што конкретно преставуваа соодветна здравствена заштита. Овој поим ја представува потребната здравствена заштита, но понекогаш се објаснува и како здравствена заштита која е соодветна или потребна, но не неопходна, апсолутно потребна или есенцијална. Според IOM,клиничкото упатство се дефинира како соодветна здравствена заштита чија цел е да обезбеди благосостојба на пациентот и притоа да ги избегне евентуалните негативни последици.
Клиничките упатства во својот состав имаат осум основни својства, од кој четири се однесуваат на самата нивна содржина: валидност, сигурност, клиничка применливост и клиничка флексибилност. Останатите четири својства се однесуваат за развој или презентација, јасност, мултидисциплиниран процес, планиран преглед и документација. Сите овие својства на клиничките упатства имплицираат дека треба да бидат прифатени како веродостојни и корисни и ако во иднина се користат на тој начин би се добиле посакуваните резултати. Гледано од ваквата перспектива сите овие својства имаат за цел систематско развивање на самите упатства и нивна употреба.
Истата организација во 2011 година клиничките упатства ги дефинираше како изјави кои содржат препораки наменети за оптимизирање на негата на пациентите, но кој се добиени од систематските прегледи на доказите и проценката на штетите и добивките од можните алтернативните опции. Сигурноста на клиничките упатства е втемелена во системскиот преглед на литературата, која е направена од страна на мултидисциплинирани експерти, кои приложуваат целосно објаснување на логичните врски помеѓу можноста на алтернативна резултати за нега и здравје и притоа се покажува нивото на квалитетот на доказите и цврстината на препораките.
Во литературата може да се сретнат пет главни категории на упатства: клиничка ориентација, клиничка цел, комплексност, формат и потенцијални потрошувачи. Одредени упатства се насочени кон клиничките состојби или проблеми, додека други се насочени кон описот на индикациите за користење на процедури и услуги. Но постојат и упатства кои се однесуваат за широк спектар на медицински интервенции како што се: screening или примарна превенција, дијагноза, третман и рехабилитација. Комплексноста преставува димензија која поседува многу фактори: природа на специфична клиничка состојба или технологија која се употребува, степенот на сигурност кој е во врска со познавањето на одредена медицинска состојба или технологија, интеракција помеѓу опциите за управување со медицински состојби, потоа цели, пристапи и на вештини на оние кои даваат понатамошни насоки.