Во 2011 година се формираше меѓународна колаборација на истражувачи и креатори на здравствени политики, позната под името AGREE чија цел е за подобрување на квалитетот и ефикасноста на клиничките упатства, воспоставување на заедничка рамка за развој, известување и проценка на клиничките упатства.
Меѓународната колаборација AGREE се занимава со повеќе истражувачки проекти како што се: создавање на инструмент за проценка на квалитетот на клиничките упатства, развој на стандардни препораки за здравствените работници кои учествуваат во изработка на упатствата, формирање на програма за развој на упатствата, анализа на содржината на упатствата од тематиката за асма, дијабетес и карцином на дојка и проценка на индивидуални препораки.
Како еден од резултатите на оваа колаборација е создавањето на документот „Водечка проценка за истражување и евалуација" (Appraisal of guidelines for research and evaluation) наречен AGREE инструмент. Овој инструмент преставуваа генерична алатка која е пред се дизајнирана за да им помогне на оние кои креираат и ги применуваат упатствата за клиничка пракса и притоа да го оценат неговиот методолошки квалитет. Исто така самиот инструмент се користи за да се проценат клиничките упатства кои ги изработуваат локалните, регионалните, националните или меѓународните групи или владини организации без разлика дали се работи за нови упатства, веќе изработени упатства кои се користат во пракса или ревидирани упатства кои се веќе ажурирани.
Меѓународната колаборација AGREE е составена од организации кои се одговорни за подобрување на квалитетот на здравствена заштита и проценка на квалитетот на самите упатства. Овде спаѓаат организации од земји од Европа и од светот: Франција, Германија, Италија, Холандија, Шпанија, Швајцарија, Данска, Велика Британија, потоа Канада, Австралија, Нов Зеланд и САД, итн.