Упатства 9

ДОМЕНИ

Инструментот AGREE се состои од 23 клучни прашања организирани во  шест домени. Секој домен вклучува посебна димензија на квалитетот на упатството:

  • Прашањата 1 до 3 се однесуваат за општата цел на упатството, специфични клинички проблеми и популација на целните пациенти.
  • Прашањата 4 до 7 се фокусирани за степенот на дадено мислење од страна на корисниците за кои упатството е наменето.
  • Исто така прашањата од 8 до 14 се однесуваат за процесите кои се користеле за прибирање и консолидирање на доказите, методите, препораките и надградбите.
  • Прашањата од 15 до 18 се наменети за јазикот и формата на упатствата.
  • Прашањата од 19 до 21 се однесуваат за можни импликации во организациска смисла и односот на трошоците кои се постигнати за спроведување на упатствата.
  • Прашањата од 21 до 23 се наменети за независноста на препораките и потврда за можни судири на интерес во рамките на групата /авторот што го подготвува упатството.