Одлука за избор за унапредување на административен службеник 01/2021

26.11.2021

Врз основа на член 52 Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.275/19 и 14/20), согласно Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија” бр. 11/15 и 35/18), директорот на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи донесува:

О Д Л У К А
за избор за унапредување на административен службеник

1. По интерен оглас број 01/2021 за унапредување на административни службеници во Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи, објавен на веб страната на Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи и Агенција за администрација, од предложената ранг листа за работно место Раководител на одделение за акредитација на здравствени установи, Одделение за акредитација на здравствените установи – самостојно одделение- 1 извршител се избира следниот кандидат:

– Загорка Батункова

2. Директорот на Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи во рок од 5 дена по конечноста на одлуката, ќе донесе решение за унапредување на административниот службеник од точка 1 на ова одлука.
3. Ова одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

О б р а з л о ж е н и е

На веб страната на Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи и Агенцијата за администрација, беше објавен интерен оглас за унапредување на административни службеници во Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи, беше објавено работното место Раководител на одделение за акредитација на здравствени установи, Одделение за акредитација на здравствените установи – 1 извршител.
Во врска со наведениот оглас и работното место, Комисијата за унапредување на раководни административни службеници, формирана со Решение бр.04-247/10 од 23.11.2021 година, спроведе административна селекција и изготви Записник заведен под број 04-247/11 од 24.11.2021 година, по што директорот спроведе интервју и за истиот состави Записник заведен под бр.04-247/12 од 24.11.2021 година.
Комисијата врз основа на бодовите од административната селекција и бодовите од интервјуто содржани во записникот заведен под бр04-247/12 од 24.11.2021 година, изготви предлог одлука за избор на прво рангираниот кандидат и истата ја достави до директорот.
Согласно член 52 од Законот за административни службеници ,,Секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар, во рок од пет дена по конечноста на одлуката , донесува решение за унапредување на административниот службеник’’.
Имаќи го во вид горенаведениот член, директорот одлучи како во диспозитивот на ова Одлука.

ПРАВНА ПОУКА: Против оваа одлука незадоволниот кандидат може да поднесе жалба до Агенцијата за администрација- Комисија за одлучување по жалби и приговори на административни службеници во втор степен, во рок од 8 дена.

Odluka-za-izbor-interen-oglas