Претставникот на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи Лирим Исахи, учествуваше на настан организиран од СЗО кој се одржа на 12 и 13ти септември во седиштето на СЗО за Европа ви Женева.
Глобалната Конференција беше организирана по повод светскиот ден за безбедност на пациентите, 17 септември и ги собра на едно место сите чинители во здравствениот сектор од регионот на Европа, како и здравствените професионалци, претставници на пациенти, креатори на здравствени политики и друго.
Конференцијата имаше за цел да ја зајакне улогата на пациентите и нивните семејства во заеднички напори за унапредување на безбедноста на пациентите. На настанот свое обраќање имаше и генералниот директор на СЗО Dr. Tedros Adhanom Ghebreyesus.