Заедничка изјава по повод светскиот ден на безбедноста на пациентите

15.09.2023

По повод Светскиот ден на безбедноста на пациентите за 2023 година, 17 септември 2023 година Здравствената мрежа на Југоисточна Европа (SEEHN) и SEEHN
Регионалниот здравствен развоен центар (RHDC) за акредитација и континуирано унапредување на квалитетот на здравствената заштита (ACQI), претставувајќи се во еден глас на Националните фокални точки за ACQI1 од 9 (девет) земји-членки на SEEHN - Република Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Израел, Република Молдавија, Црна Гора, Република Северна Македонија, Романија и Република Србија, повикуваат на интегрирани, координирани и идни регионални напори и акции на полето на зајакнување на Безбедноста на пациентот и во согласност со СЗО започна водечка иницијатива т.н : Декада за безбедност на пациентите 2020-2030 

Земајќи ја во предвид резолуцијата 72.6 на Светската здравствена организација (WHA72.6) и Глобалниот акционен план за безбедност на пациентите на Светската здравствена организација 2021-2030 (Глобален акционен план за безбедност на пациенти 2021-2030), земјите-членки на SEEHN заеднички ќе се заложат за да ги остварат преку седум акции .

Прво: Зајакнување на соработката и заедничките иницијативи на SEEHN со цел да се максимизираат заедничките капацитети за подобрување на безбедноста на пациентите. 

Второ: Подигнување на свеста за безбедноста на клиничките процеси, како што се: клинички процедури, лекови кој не би предизвикале штета, превенција и контрола на инфекции и антимикробна отпорност, безбедност на медицински помагала, лекови, крв и вакцини. 

Трето: Подигнување на свеста кај здравствените работници и општата јавност за важноста на прашањата за безбедноста на пациентите при обезбедувањето здравствена заштита 

Четврто: Зајакнување на улогата на пациентите и нивните семејства, како и на здруженијата на патенти во развивањето и спроведувањето на политиките за безбедност на пациентите, а исто така и мерење на подобрувањето при обезбедувањето безбедна здравствена заштита 

Петто: Давање приоритет на прашањето за безбедноста на пациентите во креирањето на здравствените политики и во целата институционална рамка на нашите здравствени системи. 

Шесто: Зајакнување на постоечките механизми и воспоставување нови механизми за евидентирање, собирање, известување и анализа на податоци поврзани со безбедноста на пациентите на сите нивоа на здравствениот систем, во согласност со законската регулатива /прописите за заштита на податоците. 

Седмо: Подобрување и зајакнување на знаењата, вештините и компетенциите на здравствените работници во однос на безбедноста на пациентите преку развивање и
спроведување на формални и неформални обуки преку регионална координација. 

Препознавајќи ја важноста од обезбедување безбедна здравствена заштита, но и свесни за предизвиците со кои се соочуваат нашите здравствени системи кога станува збор за безбедноста на пациентите, претставниците на Агенциите за квалитет и акредитација на здравствената заштита на земјите-членки на SEEHN се согласуваат дека во наредниот период тие заеднички ќе придонесат за подобрување на безбедноста на пациентите, според „контекстот“ на земјата-членка. 

Првата планирана активност ќе биде организирана во ноември 2023 година во Белград. За време на Тркалезната маса за правата на пациентите, една сесија ќе се однесува на безбедноста на пациентот. Бидејќи, SEEHN и RHDC за ACQI на HC ги следат иницијативите на СЗО и Акциониот план за безбедност на пациентите, како стратешки приоритет за современата здравствена заштита,а исто така е планирана уште една активност на Тркалезна маса, исто така во Белград, со тема за подигање на безбедноста на патентите во првиот квартал од 2024 година.

Галерија