Директорката на АКАЗУМ присуствуваше на одбележувањето на меѓународниот ден на сестринството

13.05.2022

Директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи Др. Мерхал Исмаили на покана на Унијата на здруженија на медицински сестри предводена од ЗМСТАС- “ЗА НАС” присуствуваше на одбележувањето на Меѓународниот ден на сестринството кое се одржа во градскиот парк во Скопје под мотото „Глас што води“.

На настанот постхумно беа одликувани шест медицински сестри кои ги загубија  животите  во Ковид пандемијата вложувајќи го својот живот во грижата за пациентите.

Соработката со медицинските сестри и нивните здруженија е од голема важност за Агенцијата земајќи го во предвид фактот што тие се една од клучните алки во унапредување на квалитетот на здравствената заштита, како и во спроведување на  процесот на акредитација во здравствените установи.

Голем дел од соработниците на Агенцијата (како надворешни оценувачи и координатори за акредитација во рамки на ЗУ) се од редовите на медицински сестри.

Галерија