Се одржа работилница за имплементирање на Мастер планот за подобрување на перинаталната грижа

30.09.2022

На 29-09-2022 година се одржа работилница за имплементирање на Мастер планот за подобрување на перинаталната грижа во Република Северна Македонија на која присуствуваше министерот за здравство, д-р Беким Сали, претседателката на Комитетот за безбедно мајчинство, проф. д-р Ана Данева Маркова, претставници на СЗО, УНФПА, УНИЦЕФ и здравствени работници. Исто така на работилницата присуствуваа и Директорката Мерхал Исмаили и претставник од Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи Лирим Исахи.

Галерија