АКАЗУМ спроведе постапка на акредитација на првите пет ординации од примарна здравствена заштита

19.05.2023

По усвојување на Стандардите за акредитација на ординации од примарна здравствена заштита од страна на Владата на РСМ, Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи спроведе постапка на акредитација на првите пет ординации од примарна здравствена заштита. Со статус на акредитирани здравствени установи се стекнаа следните ординации: ПЗУ РЕ-ВИТА-Скопје, ПЗУ Хаџиќ-Скопје, ПЗУ Др. Русанка Крстевска-Скопје, ПЗУ Др. Митка Тренчева-Скопје и ПЗУ Др. Светлана Смугреска-Скопје.

Овие ординации беа вклучени во процесот на развивање на стандардите за ординации од ПЗЗ како пилот-ординации во кои стандардите беа тестирани пред нивно усвојување од Владата на РСМ со што се олесни постапката за акредитација на истите.
 

Галерија