Interim – 01/2021

21.09.2021

Врз основа на член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.275/19 и 14/20) и член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија” бр. 11/15 и 35/18), Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 01/2021
за унапредување на административни службеници

Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи oбјавува Интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службеник за следното работно место:

Раководител на одделение за акредитација на здравствени установи, со шифра УПР 01 01 Б04 000, ниво Б4, Одделение за акредитација на здравствените установи – 1 извршител

Посебни услови предвидени за работното место утврдени со Законот за административните службеници и актото за систематизација на работните места:
– Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа: стоматологија, клиничка медицина.
– Работно искуство најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор;

Посебни работни компетенции:
– Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
– Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– положен испит за административно управување

Општи услови :
– да е државјанин на Република Северна Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
како и:
– да е оценет со оцена „А” или „Б“ при последното оценување,
– Да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кој е објавен интерниот оглас
– да поминал најмалку две години на тековното работно место и
– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Општи работни комепетенции на напредно ниво:
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа; стратешка свест;
– ориентираност кон странките/засегнати страни;
– раководење; и
– финансиско управување.

Распоред на работно време:
– неделно работно време: од понеделник до петок;
– работни часови неделно: 40
– работно време: со почеток на работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 а со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збир од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво:29.700,00

Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава во писмена форма преку архивата на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи до одделение за општи работи, на: ул. Булевар Гоце Делечев бр.8, згр. МТВ, 13 кат – Скопје, како и до службената електронска адреса: akazum@zdravstvo.gov.mk.
Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази
– потвдри за успешно реализирани обуки и/или
– потврди за успешно реализирано менторство
Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страната на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.
Постапката ќе ја спроведе Комисија за селекција за унапредување, формирана од Агенција за администрација. Кандидатите ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за унапредување, како: административната селекција и интервјуто.

НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.

ДИРЕКТОР
Dr. Kaltrina Beqiri