АКАЗУМ оствари средби со неколку од Приватните Здравствени установи

15.03.2022

Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи во изминативе денови оствари средби со неколку од Приватните Здравствени установи  и тоа  ”Систина Офталмологија- Скопје”,  “One Hospital- Тетово”,  “Санте Плус- Скопје” и  “Европска очна болница- Скопје”.

На средбите беше разговарано за важноста на процесот на акредитација и заеднички беше договорено интензивирање на соработката помеѓу Агенцијата и наведените Приватни ЗУ со акцент на заокружување на процесот во овие здравствени установи до крајот на тековната година.

Агенцијата преку едукации и обуки ќе биде постојана поддршка во текот на подготовката за акредитација на Здравствени установи, со цел постојано унапредување на квалитетот на нивната работа.