Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи во изминативе денови оствари средби со неколку од Приватните Здравствени установи и тоа ”Систина Офталмологија- Скопје”, “One Hospital- Тетово”, “Санте Плус- Скопје” и “Европска очна болница- Скопје”.
На средбите беше разговарано за важноста на процесот на акредитација и заеднички беше договорено интензивирање на соработката помеѓу Агенцијата и наведените Приватни ЗУ со акцент на заокружување на процесот во овие здравствени установи до крајот на тековната година.
Агенцијата преку едукации и обуки ќе биде постојана поддршка во текот на подготовката за акредитација на Здравствени установи, со цел постојано унапредување на квалитетот на нивната работа.