Се одржа Работилница за дефинирање на акцискиот план за јакнење на капацитетите

03.04.2023

Една од главните цели на Агенцијата преставува константно обезбедување на стандардизирано ниво на квалитетни здравствени услуги, намалување на
ризикот на несакани случувања и севкупно подобрување на безбедноста на пациентите. За таа цел на 30 март 2023 година се одржа Работилница за дефинирање на акцискиот план за јакнење на капацитетите и проширување на опсегот на активности на агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи под покровителство на СЗО.

На работилница директно се обратија претставниците од СЗО д-р Ана Јохансен и консултантите на СЗО професор д-р Валтер Фонсека и Тино Марти. Исто така свое излагање и запознавање со работата и Акцискиот план за јакнење на капацитетите и проширување на активностите на АКАЗУМ имаше и Директорката на АКАЗУМ, д-р Мерхал Исмаили и претставникот од Агенцијата Лирим Исахи.

Галерија