Претставникот на Агенцијата за акредитација на здравствени установи во Република Србија, оствари работна посета во АКАЗУМ

09.11.2023

Претставникот на Агенцијата за акредитација на здравствени установи во Република Србија, господин Владо Давковски оствари работна посета во Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи на Република Северна Македонија.

За време на посетата беше одржан состанок во просториите на АКАЗУМ  при што се разговараше за зацврстување на меѓу институционалната соработка и размена на искуства во областа на квалитетот и акредитацијата. При посетата беше посетена една акредитирана здравствена установа ЈЗУ УК за пластична и реконструктивна хирургија-Скопје.

Галерија