11/09/2023 - 09:30
Претставникот на Агенцијата за акредитација на здравствени установи во Република Србија, господин Владо Давковски оствари работна посета во Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи на Република Северна Македонија.
За време на посетата беше одржан состанок во просториите на АКАЗУМ при што се разговараше за зацврстување на меѓу институционалната соработка и размена на искуства во областа на квалитетот и акредитацијата. При посетата беше посетена една акредитирана здравствена установа ЈЗУ УК за пластична и реконструктивна хирургија-Скопје.