Одделението за следење и унапредување на квалитетот на здравствената заштита
Одделението за следење и унапредување на квалитетот на здравствената заштита врши работи поврзани пред сé со мониторирање и евалуација на работењето на здравствените установи а кои се насочени кон унапредувањето на квалитетот и безбедноста на здравствената заштита. Заради истото во рамки на ова одделение пред се:
- се дефинираат механизмите за следење и унапредување на квалитет (како што се пр. индикаторите за квалитет) и начините на нивно евалуирање
- се воспоставува соработка со внатрешните Комисии (формирани во болниците) за следење на квалитет со цел давање на предлози за превземање конкретни мерки за унапредување на квалитетот на здравствената заштита
- се организираат локални и регионални средби на координатори на внатрешните комисии за следење и унапредување на квалитетот на здравствената заштита