Упатства 3

Индикатори

Индикаторите кои се разгледуваат во процесот на изработка на упатства зависат од постоечката дефиниција за соодветните здравствени исходи кои може да варираат од стапките на преживување до атрибутите на квалитетот на живот.

Овие индикатори може да се класифицираат во следниве категории:

  • Непосредни индикатори како што се морталитет, морбидитет и различни комбинации кои се поврзани со третманот
  • Бројот на повторени прегледи поради постоечкиот здравствен проблем, компликации, доцен морбидитет и повторен прием
  • Враќање на работа и физичко – социјални димензии на здравје
  • Други индикатори како што се квалитет на живот, општ здравствен статус и задоволство на пациентот