Цели
- Примарна цел на HTA е да врши информирање за донесените одлуки кои се однесуваат на локалното, регионалното и националното ниво во здравствената заштита. Ваквите одлуки може да се однесуваат за набавките, финансирањето или при соодветна употреба на здравствената технологија.
Основна цел на процената е давање на препорака за оправданоста на користење на новите технологии или замена на старата технологија со нова како помошно средство при носење на финално објективните одлуки во иднина (Evidence-based health care policy and decision-making). - Секундарна цел на HTA е да се даде придонес во глобалното знаење во проценката на специфичните технологии. Исто така HTA обезбедува и изворен материјал кој е потребен за истражување, припреми на упатства и други документи.