11/30/2022 - 10:00
Директорката на АКАЗУМ, д-р Мерхал Исмаили присуствуваше на церемонијата на доделување на сертификатот за акредитација на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство - Скопје и истиот им беше врачен на директорите на установата, Доц.д-р Викторија Јовановска и дипл. Правник Ајрула Мустафа.
Во текот на месец септември беше извршено надворешно оценување на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство - Скопје, како дел од процесот на акредитација и притоа се стекна со акредитација со времетраење од три години.