02/15/2022 - 10:00
На ден 15.02.2022 година Директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи на Република Северна Македонија-АКАЗУМ беше во посета на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас-Скопје и во исто време беше доделен сертификат за стекната акредитација со важност од три години.
На доделување присуствуваа претставници од АКАЗУМ заедно со директорката д-р Мерхал Исмаили која лично и го додели сертификатот на директорката на Заводот Д-р Силвана Филипова.