01/20/2023 - 10:00
На ден 18-01-2023 година во просториите на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи директорката, д-р Мерхал Исмаили и претставници на Агенцијата остварија состанок со директорката на ЈЗУ УК за Дерматологија, проф. д-р Сузана Николовска. На состанокот се разговараше за процесот на акредитација, при што беше договорено истиот процес во ЈЗУ УK за Дерматологија да го заокружи до крајот на 2023 година.