02/08/2023 - 10:00
Деновиве во просториите на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи се одржа состанок со ЈЗУ ОБ Струга. На состанокот присуствуваа директорката на Агенцијата д-р Мерхал Исмаили, претставници од Агенцијата и директорот на ЈЗУ ОБ Струга, Арменд Арслани и притоа се разговараше за започнување на процесот на акредитација во ЈЗУ ОБ Струга.