Одржан работен состанок со претставниците од ПЗУ Болница Плодност- Битола

02/17/2023 - 12:15

Директорката д-р Мерхал Исмаили  заедно со претставниците на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи, одржаа работен состанок со претставниците од ПЗУ Болница Плодност- Битола, која е првата акредитирана приватна болница и прва болница која се стекна со највисок период на акредитација со време траење од 5 години.

На состанокот се разговараше за продолжување на процесот на акредитација и унапредувањето на квалитетот на своето работење како и продолжување на повеќе годишната соработка на болницата со Агенцијата.

Gallery