05/12/2023 - 10:00
На ден 12-05-2023 година, Директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи , д-р Мерхал Исмаили во просториите на Агенцијата и го додели сертификатот за акредитација на директорката на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје, д-р Салија Љатиф Петрушовска со кој установата се стекна со сертификат за акредитација со важност од три години.
Ова е трета акредитација на здравствената установа и со ова го докажа унапредувањето на квалитетот на своето работење.