Интерен оглас за унапредување – 01/2023

10/18/2023 - 13:00

Врз основа на член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18 иСлужбен весник на Република Северна Македонија бр.275/19, 14/20, 215/21 и 99/22) и член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија” бр. 11/15 и 35/18), Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ –  01/2023
за унапредување на административни службеници

Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи oбјавува Интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службеник за следното работно место: 

Советник за планирање и организација на процесот на акредитација на здравствените установи, со шифра УПР 01 01 В01 000, ниво В1, Одделение за акредитација на здравствените установи - 1 извршител

Посебни услови предвидени за работното место утврдени со Законот за административните службеници и актото за систематизација на работните места:
- Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа:биохемија, фармација, стоматологија.
- Работно искуство најмалку три години работно искуство во струката 

Посебни работни компетенции:
- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Општи услови :
- да е државјанин на Република Северна Македонија, 
- активно да го користи македонскиот јазик, 
- да е полнолетен, 
- да има општа здравствена способност за работното место со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
- да е оценет со оцена „А" или „Б“ при последното оценување,
- Да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кој е објавен интерниот оглас
- Да поминал најмалку две години на тековното работно место и 
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на     интерниот оглас.

Општи работни комепетенции  на средно ниво:
-  решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа; 
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни; и
- финансиско управување. 

Распоред на работно време:
неделно работно време: од понеделник до петок;
работни часови неделно: 40
работно време: со почеток на работно време помеѓу 7:30 и 8:30 часот и завршеток  на истото помеѓу 15:30 и 16:30 а со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

Паричен нето износ: 31.524,00

Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава во писмена форма преку архивата на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи до одделение за општи работи, на: ул. Булевар Гоце Делечев бр.8, згр. МТВ, 13 кат - Скопје, како и до службената електронска адреса:  akazum@zdravstvo.gov.mk.
Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази
- потвдри за успешно реализирани обуки и/или
- потврди за успешно реализирано менторство

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страната на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.
Постапката ќе ја спроведе Комисија за селекција за унапредување, формирана од Агенција за администрација. Кандидатите ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за унапредување, како: административната селекција и интервјуто. 

НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.

В.Д. ДИРЕКТОР
Фуркан Болеци