Доделен сертификат за акредитација на ЈЗУ Клиничка болница Тетово

10/09/2024 - 14:38

Директорот на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи , Фуркан Болеци  додели сертификат за акредитација на директорот на ЈЗУ Клиничка болница Тетово-Тетово,  д-р  спец. Агим Бериша, со кој установата се стекна со сертификат за акредитација со важност од една година.

Ова е втора акредитација на  ЈЗУ Клиничка болница Тетово -Тетово и со ова го докажа унапредувањето на квалитетот на своето работење.

Gallery