Јавен оглас бр. 01/2025

07/28/2025 - 10:40

Врз основа на член 22 став (1) алинеја 2 и став (3) од Законот за варботените во јавниот сектор (,,Службен весник на РМ,, 27/14, 199/14, 27/16, 36/18 и 198/18  и ,,Службен весник на РСМ,, бр.143/19, 14/20 и 208/24) член 22 став (1) точка 1 и ставови (3) и (4) и член 23 од Законот за работни односи (,,Службен весник на РМ,, 149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16,  и 120/18 и ,,Службен весник на РСМ,, бр.110/19, 267/20, 151/21 и 288/21), и Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи бр.08-318/1 од 30.12.2015 година, бр.03-60/1 од 01.02.2019 година, бр.02-110/1 од 14.04.2021 година, бр.02-112/1 од 14.04.2021 година, бр.01-259/1 од 20.07.2022 година, бр.01-277/1 од 27.11.2023, бр.01-186 од 07.07.2025 година Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи објавува 

 

Јавен оглас бр.01/2025

за вработување на 1 (едно) лице во Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи
на определено време до 31.12.2025 година

 

Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи објавува оглас за вработување на 1 (едно) лице преку засновање на работен однос на ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ за следното работно место:


1.УПР0101В03 000 Соработник за координација на постапка за акредитација на здравствените установи во Oдделение за акредитација на здравствените установи

Број на извршители 1 (еден)
Општи услови: 
-да е државјанин на Република Северна Македонија
-активно да го познава македонскиот јазик
-да е полнолетен
-да има општа здравствена способност за работното место и
-со правосилна пресуда да не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност

Посебни услови
- ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
Вид на образование: Медицински и здравствени науки
- најмалку една години работно искуство во струката
Посебни компетенции:
-познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

Општи работни компетенции:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг; 
 учење и развој; 
комуникација; 
остварување резултати; 
работење со други/тимска работа;
стратешка свест; 
ориентираност кон клиенти/засегнати страни; и 
финансиско управување. 

 Распоред на работно време:
-работни денови:понеделник-петок
-работни часови неделно 40
-работно време од:07:30 - 8:30 до 15:30 - 16:30 часот
-дневна пауза од 12:00 до 12:30 

Паричен износ на плата: 31 738 денари

Општи услови

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават  доказите за исполнување на условите во оригинална форма или копија заверена кај нотар, и тоа:
-Доказ за државјанство
-Доказ за опша здравствена состојба не постара од шест месеци
-Доказ дека не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност не постара од  шест месеци
-Уверение/диплома за завршен степен на образование
-Доказ за работно искуство во струката-потврда за стаж од Агенција за вработување на РСМ 
-Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
-Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски) 
-Пријава и Кратка биографија.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2025 година.

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Пријавата со потребната документација, треба да се достави до Архивата на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи или по пошта на следната адреса:
Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи 
Бул. Гоце Делчев бр.8, згр. МТВ/13 кат 
Скопје
Контакт број 02-3120-545
На ковертот да се наведе редниот број на работното место за кое се аплицира со назнака “за оглас за вработување,,

Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат
 

 

Documents