Во периодот од 19 до 21 мај 2026 година, во Скопје се одржа TAIEX Експертска мисија за зајакнување на рамките за квалитет на здравствената заштита и безбедност на пациентите со учество на експерти од три европски земји-членки на Европската Унија:
- Претставник на Министерството за здравство, Одделот за квалитет во здравството (Португалија) Ms. Elsa Bandeira Ramos,
- Агенцијата за квалитет на здравствената грижа (Шпанија) Mr. Jose Ignacio del Rio Maza de Lizana и Mr. Vicente Santana Lopez,
- Националната агенција за обезбедување квалитет во здравството (Грција) Prof. Daphne Kaitelidou.
На експертската мисија присуствуваа претставници од ;
- Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи;
- Надворешни оценувачи ;
- Министерство за здравство;
- Владата на РСМ;
- Медицинскиот факултет;
- Институтот за јавно здравство;
- Државниот санитарен и здравствен инспекторат на Република Северна Македонија (ДСЗИ);
- Центарот за јавно здравје-Скопје;
- Претставници од националната канцеларија од СЗО (WHO) .
Стратешка цел на експертска мисијата беше зајакнување на националната легислатива и регулаторните рамки во областа на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите, со цел усогласување со стандардите на Европската Унија и најдобрите практики на земјите-членки.
Клучен приоритет на експертската мисијата беше преку ажурирање на законското регулирање, преку воведување на појасни и поефикасни механизми за оценување на стандардите во здравствените установи, вклучително и преку процес на акредитација и евентуална сертификација.
За време на експертската мисија посебен акцент беше ставен на избор на соодветни индикатори за безбедност, развој на електронски систем за следење и известување, како и примена на методологии за евалуација. Како исклучително важна беше потенцирана примената на PREMs (Patient-Reported Experience Measures) и PROMs (Patient-Reported Outcome Measures).
Посебна сесија во рамки на експертската мисија беше посветена на безбедноста на пациентите како фундаментална димензија на квалитетот, нудејќи препораки за воспоставување структурирани системи за пријавување, следење и оценување на безбедносни инциденти. Со овој сеопфатен и кохерентен пристап се воспоставува цврста, пациент-ориентирана рамка за континуирано унапредување на квалитетот на здравствените услуги и за зајакнување на довербата во здравствениот систем.