Развој Европа
Советот на Европа во 1988 год. како рамка за споредување и координирање на активностите кои се преземаат во различни земји ја предложи програмата „Димензии на системот за унапредување на квалитетот". Истата година се постигна договор за соработка во областа на унапредување на квалитетот на здравствената заштита, додека во Мај 2000 год. Европската Унија ја усвои новата здравствена политика која ги зема во предвид препораките за унапредување на квалитетот на здравствената заштита.
Советот на Европа во 2006 год. ги усвои основните препораки за безбедност на пациентите како мерки за унапредување на квалитетот на здравствената заштита.
Овие препораки исто така опфаќаат и едукација за безбедност на пациентите преку стимулирање на истражувањата во оваа област, како и соработка на национално и меѓународно ниво.