Здравје 21 - здравје за сите во 21 век
Регионалниот комитет за Европа на СЗО кој ги опфаќа делегациите на Министерствата за здравство на земјите членки во 1998 год. го усвои документот „Здравје 21- здравје за сите во 21 век”, кој има 21 цел.
Цел 16 „Управување со квалитетот на здравствената заштита” содржи неколку заклучоци меѓу кои и следниот:
- До 2010 год. сите земји членки потребно е да имаат еден државен механизам за постојано следење и унапредување на здравствената заштита за најмалку десет најбитни здравствени состојби, вклучувајќи го мерењето на здравствениот учинок, исплатливоста и задоволството на пациентите.
- Во септември 2009 Советот на Европа донесе препорака во врска со безбедноста на пациентите и во тие рамки и за превенција и контрола на заразните заболувања.