Клиничките упатства преставуваат критична врска помеѓу најдобро расположливите докази и добрата клиничка пракса и преставуваат важен елемент во системскиот пристап на квалитетна здравствена заштита. За ваквиот концепт појавуваат интерес сите учесници во системот на здравствена заштита како што се: здравствените работници, пациентите, фондовите за здравствено осигурување, истражувачите и донесителите на политички одлуки.
Она за што сите се заинтересирани е дали клиничките упатства би го подигнале квалитетот на услугата, а преку тоа ќе се подобри реалната и перципирана вредност добиена преку потрошените средства од здравствениот систем. Различни групи имаат различни цели како на пример: фондовите за здравствено осигурување имаат тенденција да ја нагласат повеќе контролата на трошоците и редуцирање на варијацијата во пракса многу повеќе него самите доктори.
Гледано од страна на докторите тие повеќе внимание посветуваат на развивање на професионалните клинички упатства како алатка за зачувување на нивната автономија и слобода при донесување на одлуки. Додека корисниците на здравствени услуги бараат компромис со изведувачите на упатствата се со цел да им помогнат при донесувањето на нивните одлуки.