Доделен сертификат за акредитација на ПЗУ Систина офталмологија

07/31/2023 - 14:13

На ден 26-07-2023 година се додели сертификатот за акредитација на ПЗУ Систина офталмологија, при што оваа здравствена установа се стекна со статус на акредитирана здравствена установа со време траење од пет години.

Ова е втора здравствена установа во РСМ која се стекна со пет годишна акредитација и со тоа докажа највисоко ниво на имплементација на националните стандарди.

Постапката на надворешно оценување за акредитација на ПЗУ Систина офталмологија беше спроведена од страна на тим од лиценцирани надворешни оценувачи во следниот состав:

  • Проф. Др Страхил Газепов
  • Прим. Др Жаклина Шопова
  • Дипл. Правник Василка Илиевска
  • Мед. сестра Јасминка Милевска

 

На церемонијата на доделување на сертификатот присуствуваа раководството и вработените на ПЗУ Систина офталмологија, при што сертификатот беше врачен на медицинскиот директор др. Златко Арнаудовски и извршниот директор Д-р Весна Чадо.

Gallery