11/09/2023 - 09:38
Вд. Директорот на АКАЗУМ, Фуркан Болеци присуствуваше на церемонијата на доделување на сертификатот за акредитација на ЈЗУ Универзитетска клиника за Инфективни и фебрилни состојби-Скопје и истиот им беше врачен на директорите на установата, Медицинскиот Директор, Прим. Асс. д-р. м-р. Милена Стевановиќ и на организацискиот Директор, Доц. д-р. Мирјана Пехчевска Поп-Илиев. Во текот на месец септември беше извршено надворешно оценување на ЈЗУ Универзитетска клиника за Инфективни и фебрилни состојби-Скопје, како дел од процесот на акредитација и притоа истата се стекна со акредитација со времетраење од три години.